A3A4A5A6A8TTR8Q5Audi Q7
Гаранција
Производителот на Audi, Audi AG - Ingolstadt им гарантира на сите клиенти дека испорачаниот автомобил е во исправна состојба. Доколку се појават некои недостатоци во времетраењето на гаранцијата, истите ќе се отклонат доколку се во согласност со гаранцискиот пакет кој опфаќа:

- 1 месец гаранција од денот на испорака, во кој може да се бара замена на возилото за ново доколку кај истото три пати се повтори дефект на еден исти склоп во возилото;

- 3 месеци гаранција на акумулатор од денот на испорака на возилото

- 6 месеци или 10 000 км на потрошниот материјал, во кој спаѓаат: сијалици, сопирачки, филтри за воздух, полен, масло и гориво, пневматици, свеќички, метлици од брисачите, геометрија на возило, сет ламела и амортизери.

- 2 години бесплатно отстранување на сите фабрички недостатоци од денот на испорака за дефекти на нови возила, без оглед на изминатите километри;

- 2 години од моментот на вградување / купување на оригинален дел (нов, фабрички ремонтирани делови, агрегати) и вградување на оригинална опрема;

- 3 години бесплатно отстранување на оштетувања на лак / боја на каросеријата на патничките возила;

- 6 години бесплатно отстранување на корозија за делумно поцинкувани каросерии на возила од патничката програма;

- 12 години бесплатно отстранување на корозија за потполно поцинкувана каросерија и без перфорација за алуминиумска каросерија.