Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Тој изгледа цврсто на улиците – моќен, маркантен, полн со карактер: Audi A1 е истовремено премиум автомобил и спортист во неговата класа. Нагласеното заокружување на раменските линии, поинаку обоената кривина на покривот и необично стрмните C-столбови, на овој автомобил со три врати му овозможуваат уникатна силуета.
И димензиите го потврдуваат динамичниот изглед: при должина од 3,95 метри, овој најмлад модел на Audi има 1,74 метри во ширина, но само 1,42 метри во висина. Растојанието на тркалата изнесува 2,47 метри, соодветно на тоа, и растојанијата од осовините до рабовите изгледаат кратко.
Уште на прв поглед станува јасна роднинската поврзаност со останатите модели од семејството, сепак, во деталите забележливи се неколку нагласени точки и новитети. На пример, Singleframe маската – успешно интегрирана во предниот дел на возилото, укажува на нов степен во еволуцијата со нејзините коси горни агли.
И тридимензнионално поставените фарови придонесуваат за сосема нов изглед. A1 изгледа одлучно и сконцентрирано на улиците. Формата на внатрешноста на фарот е структурирана со едно косо „крило“. Дневното светло претставува сериска опрема, како и кај секој Audi. Кај опционалните ксенон-плус фарови светлината се создава со LED диоди и се проектира со оптички влакна; се појавува како хомоген бран, кој што го следи „крилото“.
Страничниот изглед го карактеризираат рамни, благо нагоре поставени линии, со кои што A1 изгледа поширок и подинамичен. Горниот раб на капакот на моторот се провлекува под страничните прозорци, па сè до задниот дел. Друго Audi обележје е и спортски закривениот покрив. На Ваша желба, тој може да биде лакиран во една од четирите контрасни бои. Закривената линија завршува во C-столб, кој што стои порамно отколку кој моделот Coupé – тоа на задниот дел му дава динамична појава, која што со спојлерот на работ на покривот уште повеќе се нагласува.
Одзади, доминира капакот од багажниот простор – ексклузивен детал, кој што претставува новитет кај компактните возила. Формата на капакот е маркантна. Неподелените конусовидни задни светла исто така ја нагласуваат ширината и се извонредно интегрирани во дизајнот. Заедно со ксенонските светла, тие се изведени во LED технологија.
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани