Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Во Audi A1 се користи TFSI® технологија. Она што е посебно во врска со оваа технологија: таа ги обединува предностите на FSI® – ефикасност и динамика – со турбо полнење, кое што овозможува уште поголема сила.
Неодамна развиениот 1.2 TFSI агрегат со моќност од 63 kW (86 PS) располага со алуминиумско лиено куќиште со иновативни блокови и погон со запчаници, за кој што не е потребно одржување. Клиповите со лесна структура предизвикуваат само мало триење, Протокот на масло и вода за разладување со двократно разладување овозможуваат највисока ефикасност. Неа ќе можете да ја почувствувате со сосема ниската потрошувачка од просечни 5,1 l/100 km и максималниот вртежен момент од 160 Nm при 1.500 min ̄1. Спортскиот 1.4 TFSI мотор е со моќност од 90 kW (122 PS) и е недвосмислено развиен со цел голема моќност и економични вредности за потрошувачката. Тој го движи Audi A1 со вртежен момент од 200 Nm при 1.500 min ̄до 203 km/h.
Механизмот за водено изладување на воздухот, со кој што се полнат цилиндрите е интегриран во самата издувна цевка; тоа го намалува волуменот на системот за воздух, со кој што се полнат цилиндрите и Ви овозможува поголема динамика. Audi е еден од првите произведувачи, кои што го комбинираат S tronic менувачот со Start-Stop системот. И двата система се усогласени еден на друг, а тоа овозможува A1 да користи помалку гориво.
Вредности за потрошувачката и емисијата на штетни гасови:
Комбинирана потрошувачка на гориво 5,1-5,3 l/100km Комбинирана емисија на CO2 118-124 g/km
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани