Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Бензинските мотори се опремени со TFSI®, консеквентна комбинација од штедливо директно вбризгување и турбо полнење. Сите агрегати се сериски опремени со Start-Stop-систем и систем за рекуперација, со што спаѓаат во моторите со најмала потрошувачка во својата класа.
Во A4-моделите се применува TFSI®-технологијата. Особена по тоа што: ги поврзува предностите на FSI® со полнење, кое се грижи за уште подобро распространување на силата. Сите TFSI-мотори се сериски опремени со Start-Stop-систем и се разбира ја исполнуваат нормата за издувни гасови EU5. 1.8 TFSI располага со над 125 kW (170 КС) и максимален вртежен момент од 320 Nm – и сепак припаѓа на моторите со најповолна потрошувачка во својата класа. Audi valvelift system ја намалува потрошувачката, а системот за интелигентно управување со температурата побрзо го доведува моторот до состојба на работна температура. Истовремено ја спроведува топлината во внатрешниот простор, што го зголемува Вашиот комфор и помага потрошувачката и понатаму да се намалува. 2.0 TFSI располага со 155 kW (211 КС) до 350 Nm. Исто така и тој се одликува со добри вредности на потрошувачка и ниски емисии на CO2.
Вредности на потрошувачка и емисија на издувни гасови (кај супер безоловен ROZ 95):
Комбинирана потрошувачка на гориво: 5,7–7,0 l/100 km
Комбинирана емисија на CO2: 134–159 g/km
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани