Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Fehlendes Flash-Plugin. Zur Darstellung dieses Inhalts benötigen Sie das aktuelle Flash-Plugin.
Kostenlos herunterladen
Ништо не е повозбудливо од премиера. Пред сè во Вашиот нов автомобил. Првиот пат кога ќе го здогледате. Првиот пат кога ќе додадете гас, првата кривина, првото подолго патување. За едно вакво посебно чувство, постои еден многу посебен автомобил: Audi A5 Coupé. Во нов дизајн, со уште поголема возна динамика. За нови патишта, нови мисли, нови идеи. Влезете во него. И секое патување ќе го доживувате како да Ви е прво.
Спортска елеганција
Audi A5 Coupé ги разигра пропорциите на класичното Coupé. Рамниот покрив и лаковите на кровната линија создаваат чувство на спортска елеганција. Мноштво моќни бои и атрактивни комбинации на гуми/тркала во димензии од 17 до 20 инчи го потенцираат неговиот дизајн.
Прецизни линии
Симнувачките, прецизни линии на импресивниот преден дел и тридимензионално изработениот капак на моторот сигнализираат одлучност и на A5 Coupé му даваат став, кој што лесно ќе Ве убеди. Ново компонираниот Singleframe дизајн воодушевува со извајаните попречни линии, кои што овозможуваат пластичен изглед. Предните фарови имаат нова форма. Опционалните Xenon plus фарови дополнително располагаат со нова, маркантна линија на LED светла за дневно возење. Фаровите за магла се преработени и вградени во нова маска со висок сјај
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани