Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
A5 Coupé е извонредно ефикасен: моќните мотори со вбризгување се едни од најштедливите и најчистите, кои што денес можат да се најдат во светот. Двата бензинци и четирите дизел мотори, сите опремени со Start-Stop систем и рекуперација, како и со моќност до 180 kW (245 коњски сили) чекаат само на Вас.
Во A5 Coupé се употребува TFSI® технологијата. Она што тука е посебно: таа ги спојува предностите на FSI® со полнење, кое што дава уште поголема сила. Двата TFSI мотори, кои што Вам Ви стојат на располагање, се опремени со штедливиот Start-Stop систем и, се разбира, ја исполнуваат нормата за издувни гасови EU5.
1.8 TFSI располага со 125 kW (170 коњски сили) и максимален вртежен момент од 320 Nm. Со тоа, тој спаѓа во моторите со најмала потрошувачка во рамките на неговата класа: во идеален случај со A5 Coupé со рачно менување се трошат само 5,7 l за 100 km. Притоа, тој забрзува за 7,9 секунди од 0 на 100 km/h. 2.0 TFSI со неговите 155 kW (211 коњски сили) има максимален вртежен момент од 350 Nm. И тој се одликува со добри вредности во однос на потрошувачката и со намалени емисии на CO2 и, во Вашиот A5 Coupé со quattro® погон и S tronic® менувач, Ве доведува за 6,5 секунди од 0 до 100 km/h.
Вредности за потрошувачката и емисијата на штетни гасови*:
Потрошувачка на гориво при комбинирано возење: 5,7-7,0 l/100 km
Емисија на CO2 при комбинирано возење: 134-159 g/km
* EU-информација за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 според Одредбата (EG) 715/2007: дадените вредности се пресметани според мерните постапки пропишани со Одредбата (EG) 715/2007. Податоците не се однесуваат на поединечно возило и не се составен дел од понудата, туку служат само за споредба помеѓу различните типови возила. Поинакви вредности за потрошувачка на гориво и емисии на CO2 можете да добиете како резултат на дополнителна опрема (на пр. широки гуми, клима уред, носач на кровен багаж итн.).
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани