Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Секој нов километар ја докажува моќноста на Audi A5 Sportback, која што овозможува секое возење да биде возбудливо доживување. Широката палета мотори привлекува со својата моќност.
Во Audi A5 Sportback се користи TFSI® технологија. Она што тука е посебно: таа ги спојува предностите на FSI® со полнење, кое што дава уште поголема сила. Двата TFSI мотори, кои што Вам Ви стојат на располагање, се опремени со штедливиот Start-Stop систем и, се разбира, ја исполнуваат нормата за издувни гасови EU5.
1.8 TFSI располага со 125 kW (170 коњски сили) и максимален вртежен момент од 320 Nm. Со тоа, тој спаѓа во моторите со најмала потрошувачка во рамките на неговата класа: во идеален случај се трошат 5,8 l за 100 km со рачен менувач. Притоа, тој забрзува за 8,2 секунди од 0 на 100 km/h. Со моќниот 2.0 TFSI мотор и неговите 155 kW (211 КС) за 6,6 секунди би почувствувале како е да се забрза од 0 на 100 km/h.
Вредности за потрошувачката и емисијата на штетни гасови*:
Потрошувачка на гориво при комбинирано возење: 5,8-7,0 l/100 km
Емисија на CO2 при комбинирано возење: 136-159 g/km
* EU-информација за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 според Одредбата (EG) 715/2007: дадените вредности се пресметани според мерните постапки пропишани со Одредбата (EG) 715/2007. Податоците не се однесуваат на поединечно возило и не се составен дел од понудата, туку служат само за споредба помеѓу различните типови возила. Поинакви вредности за потрошувачка на гориво и емисии на CO2 можете да добиете како резултат на дополнителна опрема (на пр. широки гуми, клима уред, носач на кровен багаж итн.).
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани