Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
Прогресивната сила на Audi A6 Avant не само што може да се види, туку таа може и да се почувствува – со секој километар и со секое возење. За тоа придонесуваат покрај хибридната конструкција од алуминиум, која ја намалува тежината и извонредно ефикасните FSI®-, TFSI®- и TDI мотори. Тие се одликуваат со суверено забрзување и влечна сила.
Во Audi A6 Avant своја примена има и TFSI®-технологијата. Нејзина посебна карактеристика: таа ги поврзува предностите на FSI® со полнење, кое обезбедува уште подобро развивање на моќноста. Моторот 3.0 TFSI quattro произведува моќни 220 kW. Притоа се користи комбинација од иновативно механичко полнење со ладење на воздухот на полнење, која овој шестцилиндричен мотор го претвора во компактен генератор на моќност – при умерена потрошувачка. Впечаток остава не само максималниот момент на вртежи од 440 Nm, туку и текот на вртежниот момент: најмалку 90 % се на располагање преку опсег на број на вртежи од 2.900 до 4.500 min1. Со своето спонтано однесување и исклучителното развивање на моќноста во целокупниот опсег на број на вртежи, шестцилиндричниот мотор овозможува особено динамичен начин на возење. За 5,6 секунди Audi A6 Avant ја зголемува брзината на 100 km/h.
Програмата на мотори на Audi A6 Avant нуди извонреден избор, како на пример 2.8 FSI со 150 kW, кој во комбинација со менувачот со двојна спојка S tronic® и перманентниот погон за сите тркала quattro® за само 8,3 секунди ја зголемува брзината од 0 на 100 km/h. Тука е и моторот 2.8 FSI исто така со преден погон multitronic®. Се разбира, сите агрегати го исполнуваат стандардот EU5 за издувни гасови.
Вредности за потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови: Потрошувачка на гориво при комбинирано возење: 7,4-8,2 l/100 km Емисија на CO2 при комбинирано возење: 172-190 g/km
Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и за официјалната специфична емисија на CO2 на новото патничко возило можат да се најдат во „Упатство за потрошувачка на гориво и емисија на CO2 на новите патнички возила“, кое е бесплатно достапно на сите продажни места и кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Хелмут Хирт Штр. 1, 73760 Остфилдерн-Шарнхаузен.
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани