A3A4A5A6A8TTR8Q5Audi Q7
Audi A1: Успешен дизајн
28.01.2010

Дизајнот на новиот Audi A1 е целосно емоционален



Дизајнот на новиот модел има две битни карактеристики:
- “Торнадо” или линијата на рамениците на возилото е суптилно редизајнирана па сега се протега по целата должина
- Новиот, контрасно обоен кров му дава потполно нова силуета на автомобилот

Линијата на рамениците го опишува автомобилот во целост. Почнува со едноделната предна маска, оди преку предните врати и задните врати, до задните светла и на крај завршува со поклопникот на багажникот.

Јурген Лофлер, дизајнерот на каросеријата на А1 изјави: “Линијата на рамениците е најважен елемент на новиот А1. Јасната поделеност на целината (предна, средна и задна) е елиминрана и сега во прашање е едноделна скуплтура”

Оваа линија најдобро може да се спореди со физичката конституција на ателтичарите. Колку се поснажни и пошироки рамениците на атлетичарите што се натпреваруваат на 100 метри, толку подобра стартна позиција добиваат. А1 ќе има моќно присуство на патиштата благодарејќи на оваа линија.

Друг значаен аспект на дизајнот е контрасната боја на покривот. Купувачите ќе можат да ја изберат бојата на кровот којашто ќе може да се разликува од бојата на каросеријата