28.01.2010
Трет пат по ред Audi e најдобар бренд според ADAC
Руперт Штадлер, претседателот на Управниот Одбор на AUDI AG, на церемонијата на предавањето на оваа награда изјави: “Многу сум среќен што и оваа година ја примам наградата “Жолт Ангел”, трет пат по ред. Произведовме многу возбудливи автомобили и ги израдувавме клиентите со фантастичниот дизајн и најмодерна технологија. Сето ова бараше тимски напор затоа што оваа чест припаѓа на сите вработени во компанијата.”
Штадлер Додаде: “Ние, во Audi успешно завршивме во една кризна година, а покрај тоа ја зацврстивме својата позиција. За таков резултат заслужна е долгогодишната стратегија, којашто покажува колку силен бренд е Audi.”
Audi победи или беше во самиот врв во бројни категории. Компјутерски програм за следење на ефикасноста на возењето, според ADAC е еден од осумте најзначајни фактори оваа година.
AutoMarxX е најверодостојниот мерител на ефективноста и имиџот на автомобилските брендови. ADAC ја спроведува оваа студија неколку пати годишно и анализира 33 различни производители по неколку различни критериуми: имиџ, задоволство на купувачите, сигурност, влијание на околината и квалитет на производот.