08.02.2010
• Audi имаше исклучителен успех на спроведената анкета
• Audi A4, R8 Spyder и Q5 беа на врвот во нивните категории
• Audi A3, A6 и R8 Coupe се пласираа на второ место
Audi продолжи со успесите во изборот “Најдобри возила на 2010 година” што го спроведе списанието “auto motor und sport” преку анкетирање на читателите. Според гласањето три Audi модели – Audi A4, R8 Spyder и Audi Q5 – ги освоија првите места во нивните категории. Второ место освоија Audi A3, A6 и R8 Coupe и со тоа го заокружија одличниот резултат.
Првите три места уште еднаш потврдија дека Audi е еден од најуспешните брендови, мерено според мислењето на читателите. Audi R8 Spyder го достигна првото место во категоријата “Кабриолети”. Руперт Штадлер, претседателот на одборот на директори на AUDI AG, ја прими наградата во Штудгарт во “Alte Reithalle”. Во категоријата “теренски возила”, Audi Q5 ги остави конкурентите далеку зад себе. Наградата ја прими Мајкл Дик, член на бордот на директори надлежен за технички развој во AUDI AG.
Во категоријата “средна класа”, Audi A4 неприкосновено го освои првото место, трет пат по ред. Питер Шварценбауер, член на одборот на директори надлежен за маркетинг и продажба во AUDI AG, ја прими наградата во Штудгарт.
Овие импресивни резултати беа надополнети од моделите кои завршија на второто место. Читателите му го донесоа второто место во категоријата “ниска средна класа”, а истиот резултат, но во категоријата “висока средна класа” го постигна Audi A6. Исто така второ место во категоријата “Спортско возило” постигна Audi R8 Coupe.
По 34-ти пат списанието “auto motor und sport” ја спроведува оваа анкета, со речиси 100,000 читатели коишто имаа можност да изберат помеѓу 326 модели во 10 различни категории.