25.02.2010
• Специјална манифестација во музејот на Audi
• Присуство на најголемиот саем за класични автомобили во светот, Techno Classica во Есен
• Широка историска програма за 2010 година
И оваа година Audi има многу историски значајни настани, но еден е особено значаен: 30 годишнината од quattro. На најголемиот саем за класични автомобили во светот, Techno Classica во Есен, Германија (од 7 до 11 април), Audi Tradition ќе изложи 4 Audi quattro модели што предизвикуваат исклучителен интерес. Во музејот на Audi форумот во Инголштад, ќе има специјален настан од 28 април до 31 јули посветен на “30 години quattro”. Оваа година Audi Tradition ќе претстави невообичаено голем број на скапоцени автомобили на повеќе настани.
Audi Tradition ќе присуствува на Grand Prix Historique во Монако, настан на кој по прв пат учествуваше пред две години. На овој настан, тркачките автомобили Auto Union Silver Arrow ќе се натпреваруваат на легендарните формула 1 трки: Auto Union Type C која датира од 1936 година и Auto Union Type D со мотор со двојно суперполнење (1939). Audi Tradition се враќа и на “Schottenring Classic Grand Prix” на 14 и 15 август, настан исклучиво за мотоцикли, со што ќе се потсети на моделите DKW и NSU – мотоцикли кои ја пишуваа историјата на светските шампионати во нивното време.
Audi Tradition по прв пат ќе биде присутен на Classic Days кои ќе се одржат на 30 јули и 1-ви август на Schloss Dyck (замокот Dyck) во Jüchen во близината на Дизелдорф. И тука Auto Union Grand Prix ќе може да се види во акција, како и моделот Audi 200 Trans Am кој датира од 1988 година. Уште една премиера ќе биде Metz релито во Stein во близината на Нирнберг (23-24 април), каде Audi 80 Rallye од 1979 година ќе биде презентирано. Audi Tradition ќе присуствува и на една нова егзибиција: “Klassikwelt Bodensee” (Класичниот свет на езерото Констанца) од 3 до 6 јуни во Фридриксхафен. Темата на овој настан ќе биде “Традиционални електрични автомобили” на Audi AG – возила на електричен погон произведени од Audi уште во 1920-тите години.
И секако Audi Tradition ќе ги претстави своите возила на најголемиот историски настан за автомобили во светот; Goodwood Festival of Speed (од 2 до 4 јули) во Англија. Секоја година ерлот од March ја поканува олдтајмер елитата. Auto Union Type D Grand Prix од 1939 година со својот мотор со двоен турбополнач ќе биде дел од скапоцените автомобили што Audi ќе ги донесе на овој ексклузивен настан.
Audi ќе учествува и во овогодинешното рели на олдтајмери како што е Silvretta Classic (од 8 до 11 јули), Ennstal Classic (од 14 до 17 јули) и Gran Premio Nivolari (од 16 до 19 септември). Audi е главен спонзор на Danube Classic во Инголштад (од 24 до 26 јуни), Heidelberg Historic (од 15 до 17 јули) и релито Eifel Classic во Нирбург Ринг (од 30 Септември до 2 Октомври).
30 годишнината од quattro ќе биде придружена од големиот јубилеј: 125 години од формирањето на компанијата Wanderer. Основана во Chemnitz, Wanderer преставуваше еден од четирите прстени во логото на компанијата, и произведуваше автомобили се до почетокот на втората светска војна. За да го одбележи овој настан, Audi Tradition ќе учествува на настанот “125 години Wanderer” кој ќе се одржи од 2 до 5 септември во Leipzig и Chemnitz.