25.02.2010
Купе со 331 kW (450 КС) моќен V8 мотор и висок вртежен момент
RS5 е и ефикасен – 10,8 литри на 100 километри
Имплементиран ново развиениот средишен диференцијал за quattro погонот
Голема сила во класичното и елегантно купе: Audi RS5 ќе има деби на Женевскиот саем за автомобили. 4.2 литарскиот V8 мотор кој има висок вртежен момент, со своите 331 kW (450 КС) има моќни перформанси со многу мала потрошувачка на гориво. Седумбрзинскиот S-троник и иновативниот средишен диференцијал за quattro погон ја пренесува силата на сите четири тркала.
Развиен во централата на quattro GmbH, RS моделите претставуваат спортски врв на понудата на Audi. RS5 е најновиот спортист, кој ја продолжува традицијата која трае веќе 15 години, а започна со моделот RS2 Avant, за која се карактеристични супериорни возни својства.
Како блисок роднина на моторот V10, кој го придвижува спортскиот автомобил R8, овој високо-вртежен V8 развива сила од 4,163 литарскиот мотор. Како и секој друг бензински мотор на Audi, и овој работи на директно вбризгување на горивото, познато по кратенката FSI. Оваа технологија му овозможи на Audi прво место на четири натпреварувања на трката во Le Mans. Common-rail системот генерира притисок од 120 бари.
Прецизно поставениот двоканален вшмукувачки и издувен систем му овозможува на овој мотор мирна работа, а четирите прилагодливи брегасти осовини во главниот вшмукувачки систем овозможуваат оптимална смеса. 4.2 FSI постигнува висок вртежен момент речиси како и тркачки мотор. Тој генерира сила од 331 kW (450 КС) при 8,250 вртежи во минута, а помеѓу 4,000 и 6,000 вртежи во минута го постигнува максималниот вртежен момент од 430 Њутн метри.
Овој рачно произведен V8 мотор со голема моќ, совршено ја комбинира силата и емоциите. 4.2 FSI ја забрзува 1,725 килограми тешката каросерија од 0 до 100 километри на час за 4.6 секунди и продолжува до електронски ограничената брзина од 250 километри на час. На барање на клиентот Audi може да ја подигне границата на 280 километри на час.