Springe direkt zu: Главна навигација | Барај | Содржина | Fusszeile
Избери модел
30 години quattro® значат 30 години напредок во техниката. Од легендарниот Ur-quattro, преку бројните успеси во мото-спортот па се до најновите степени на експанзија како quattro со централен диференцијал и контрола на вртежен момент на избрано тркало и спортски диференцијал: постојаниот погон на четири тркала е победник – и тој и понатаму доследно ја пишува својата историја на успехот.
Бидејќи quattro значи поголемо задоволство при возењето при истовремено зголемувачка влечна сила. Аргумент, кој уверува илјадници возачи ширум светот. Од 1980 до крајот на 2009 Audi произведе околу 3,3 милиони автомобили со quattro погон. Над 120 quattro варијанти вбројува актуелната палета на модели. Тоа го прави Audi најуспешен врвен производител на возила со постојан погон на четири тркала ширум светот.
2010 година читателите на „Auto Bild“ истовремено избраа два модели на Audi за „возило на годината со погон на четири тркала“: Audi A4 quattro и Audi A8 quattro. По петти пат едноподруго престижната награда замина кај Audi. Eдногласна оценка која покажува дека quattro технологијата е денес посилна и поиновативна од кога и да е.
© 2012. Audi Македонија. Сите права задржани