Принципот е едноставен: онака како што се грижат четирите кочници за подобро успорување, така четирите погонски тркала овозможуваат подобро убрзување и подобра странична стабилност. Целосната примена на овој физички постулат е постојаниот погон на сите четири тркала од Audi.
Но тоа не е доволно: во зависност од ситуацијата при возењето и за својствата на подлогата quattro техниката погонската сила безстепенски ја распределува помеѓу предната и задната оска. Посебно на лизгав терен тоа значи повеќе влечна сила а со тоа и посигурно напредување - па и таму каде што автомобилите со погон на две тркала не можат да се движат.
Техничките подробности, предности како и хронолошкиот развој на оваа техника ќе ги дознаеме со клик на десното мени.