Услугата Мобилна гаранција Ви обезбедува сигурно пристигнување до целта на сите возачи на возилата на Audi. Потребно е само да ни се јавите.
На
подрачјето на цела Македонија на располагање ја имате целокупната
овластена сервисна дилерска мрежа, со најсовремена опрема и квалификуван
кадар кои брзо и професионално ќе го решат секој Ваш проблем. Мобилноста на патувањата Ви е обезбедена и во сите европски земји.
Поволности на мобилната гаранција
• Ако во текот на патувањето дојде то технички дефект кој не настанал
под влијание на надворешна сила или по вина на корисникот, независно
дали сте во нашата земја или во странство, јавете се на +389 2 3181 176.
Во најкраток можен рок ќе пристигне мобилна екипа која веднаш ќе се
обиде да го отстрани дефектот.
• Доколку не е можно дефектот да
се отстрани на лице место, за Вас и Вашето возило же обезбедиме
транспорт до најблискиот овластен сервис.
• Доколку не е можно
дефектот да се отстрани во нашиот сервис, а вие морате да го продолжите
патот, бидете безгрижни бидејќи ние ќе ви обезбедиме заменско возило.
Условите за користење на заменското возило ќе ви бидат објаснети од
страна на овластениот дилер.
• Ако сакате да го продолжите пато
со некое друго превозно средство - автобус, воз - ние ќе се погрижиме да
го исполниме Вашето барање.
• Ако сакате да го почекате своето возило, Вам и на Вашите сопатници ќе Ви обезбедиме хотелско сместување*.
•
Сите овие поволности Мобилната гаранција на Audi Ви ги нуди без
дополнителни трошоци, освен трошоците за поправка на возилото**. Доколку
сте принудени сами да платите за некои од дополнителните услуги,
чувајте ги сметките поради можноста за враќање на средствата.
Забелешка
* Овластениот сервис го задржува правото да процени кое е најповолното
решение за конкретната ситуација. Без претходна најава го задржуваме и
правото за промена на пакетот на Мобилната гаранција.