A3A4A5A6A8TTR8Q5Audi Q7
Сигурносни системи за поголема безбедност и уживање во возењето
Повеќе безбедност, повеќе комфор, повеќе уживање во возењето: многу иновативни системи и техничка опрема според желбата се грижи во моделот Audi A4 за време на патот да бидете суверени во скоро сите ситуации при возењето. Го издвојуваме Audi drive select, преку кој со притискање на копчето ги прилагодува карактеристиките на автомобилот кон вашите индивидуални желби.
Особености
Audi drive select
Приспособете ги карактеристиките на моделот Audi A4 со трите мода comfort, auto и dynamic со вашите лични желби, од исклучително комфорно до нагласено спортски. Потребно е да имате дополнително динамичко управување, регулација на амортизерите или двете опции.
Audi drive select
quattro®
Постојаниот quattro® погон на сите четири тркала ја распределува погонската сила асиметрично-динамично на сите четири тркала. Доколку постои можност едно од тркалата го изгуби контактот со подлогата, quattro® погонот со повторна распределба на силата ја изедначува оваа нерамнотежа.
quattro®
Audi side assist
Подршката при промена на лентата која се користи со помош на радарски сензори ви овозможува да го надгледате мртвиот агол и состојбата на сообраќајот позади автомобилот. Сигналната сијалица на надворешниот ретровизор ве информира т.е. предупредува на забележаното возило или при критичната сосотјба при промена на лентата по која се движите.
Audi side assist
Audi lane assist
Audi lane assist ве предупредува пред да ја напуштите лентата по која се движите: доколку не вклучите трепкач, а автомобилот се движи на страна или ја напушта назначената лента, управувачот почнува да вибрира кратко но приметно.
Audi lane assist
adaptive cruise control
Опционалниот adaptive cruise control автоматски го регулира растојанието од автомобилот кон напред. Доколку автомобилот пред вас ја намалува брзината , системот исто така ви ја намалува брзината. При ненадејно кочење на автомобил пред вас системот прво ви дава звучно предупредување пред да - доколку е потребно - кратко ја активира кочницата.
adaptive cruise control
LED-дневно светло
Тенки, опционални Xenon plus фарови не само што се со добар изглед, туку се и технички рафинирани: низа од 14 LED сијалички служат како дневно светло. LED-светлата имаат значително помала потрошувачка на енергија од стандардните светла и многу поголем век на траење.
LED-дневно светло