*засегнати се дизел мотори со четири цилиндри од типот EA 189 (година на модел 2008 до 2015)

Почитувани дами и господа,

сигурно во медиумите веќе ја проследивте актуелната дискусија на тема издувни гасови на дизел моторите. Во неа беа побарани вредностите на азотните оксиди (NOx) кои се утврдија на тестирањето.

Во некои возила е поставен софтвер, кој во тест погонот ги подобрува вредностите на азотните оксиди. Нив ги ажурираме многу брзо и поволно за клиентите и извршуваме целни прилагодувања. Затоа подготвуваме технички мерки, чија цел е да се одржи граничната вредност на издувните гасови, без притоа да се влијае врз перформансот, моќноста на моторот и потрошувачката.

Можете да бидете сигурни дека ние ќе направиме сè што можеме, за процесот за засегнатите клиенти да го направиме колку што е можно поедноставен.

2.0 TDI (EA 189): Прилагодување на софтверот

За моторот 2.0 TDI на типот EA 189 создадовме софтверско решение. Од сервисните работници на Audi преку дијагностички компјутер на возилото се пренесува ажурирање. Оптимирањето на софтверот со подобрено управување на моторот се грижи за одржување на вредностите на издувните гасови. Прилагодувањето на возилото се врши околу еден час.

1.6 TDI (EA 189): Прилагодување на хардверот и софтверот

За моторот со 1,6 литри на типот EA 189 дополнително се имплементира трансформатор за струја за софтверско решение. Неговата мрежа со структура на решетка го стабилизира струењето на воздушниот млаз и со тоа овозможува поточни резултати на мерење. На тој начин може поточно да се изврши дозирањето на горивото и да се подобри процесот на согорување. Комбинацијата со оптимирање на софтверот кое е одредено за тоа, со подобрено управување на моторот се грижи за одржување на граничните вредности на издувните гасови. За прилагодувањето на возилото се потребни околу 45 минути.

Имплементирање: бесплатно и едноставно

Предвидено е дека сите засегнати возила во повеќе бранови се повикуваат во партнерските компании за имплементирање на техничките решенија. Штом ова ќе биде подготвено, стапуваме во контакт со сопствениците на засегнатите возила.

Проверете дали Вашето возило е засегнато

Ссо внесување на бројот на шасија со 17 места, на пример WAUZZZ4FX9N000100, овде можете да проверите дали Вашето Audi е засегнато од акцијата на враќање Diesel Abgas EA189 (23Q4).