Audi A7 Sportback е симбол на спортски дух и елеганција. Впечатливо нагласени со класичната quattro архитектура.
Благодарение на опционалното подвозје кое вклучува контрола на придушувањето2, Audi A7 Sportback ги комбинира перформансите на спортски автомобил со префинетоста на возењето на луксузна лимузина. За спортски стил на возење, quattro погонот со спортски диференцијал4 обезбедува динамика, високопрецизно управување и сигурна стабилност во коловозната лента на речиси сите површини.
Удобно паркирање на надолжни и попречни паркинг места. Нанапред или наназад. И повторно излегување од надолжните паркинг места. Вашиот Audi A7 Sportback го презема управувањето, забрзувањето, сопирањето и исклучувањето на моторот. Со систмеот за помош при паркирање plus5.2 со постојано притискање на копчето >>P- во возилото. Со системот за помош при паркирање од далечина plus5.2, процесот на паркирање може да се контролира и од далечина со постојано притискање на контролната површина на паметниот телефон на апликацијата myAudi6.7. Кај двата системи за паркирање, мора внимателно да го следите целиот процес на паркирање.
Внатрешноста фасцинира со прецизната изработка на висококвалитетни материјали. Панорамскиот стаклен покрив2 создава светол и удобен амбиент. Кога е затворена, ролетната за заштита од сонце нуди идеална заштита од светлина и минимално загревање на внатрешноста.
Користете избор омилени апликации како на пр. Spotify или YouTube директно на ММИ во вашето возило – без заобиколување преку паметен телефон. Со Alexa8, гласовниот асистент на Amazon, може на пр. да слушате вести, да повикате временска прогноза или спортски резултати, да вршите стриминг на музика и многу повеќе.
Фасцинантни фотографии или познати филмски херои: во вашата myAudi апликација7,6 во делот Тематски свет7,2 едноставно изберете ја вашата омилена слика и истата нека се прикаже како позадина во ММИ. Убав ефект: пакетот амбиентални светла plus2 автоматски ја приспособува атмосферата на бои на мотивот.
Напомена: илустрацијата е од Audi A6 Avant13. Позадина во ММИ: © Thomas Hoepker – Magnum Photos
Направете го вашиот Audi A7 Sportback инспиративен уникат, исто толку карактеристичен како што сте вие – со Audi exclusive14. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуална боја од широк спектар на бои. Токму онака, како што сакате.