Q3

 
Audi Q3 seitlich

Сестран талент

Семеен SUV со многу таленти - втората генерација на Audi Q3 се претставува визуелно самоуверено и ви нуди многу практични додатоци.

Типичен SUV

На предниот дел на возилото доминира големата Singleframe решетка со вертикални потпори. Предните светла формираат дизајнерска единица од линијата на рамото до задните светла. Може да изберете од три линии на опрема - Basis, advanced и S line. Кога станува збор за лакот, достапни се десет тонови меѓу кои и Pulse портокалова13 и Progressive црвена металик13. За тркалата, може да изберете помеѓу верзии од 17 до 20 инчи.

Омилени предлози за конфигурирање

 

Простран и варијабилен

По желба, нагодувајте ги седиштата електрично. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание, вие и вашите сопатници имате корист од просторноста за главата и колената.

Завршете ги сите задачи

По желба, може да влијаете на карактеристиките во зависност од возната ситуација, условите на патот или личните потреби користејќи го системот за возна динамика Audi drive select13. Изберете од шест профили – од комфорен, преку ефикасен, па до спортски.

Дигитализацијата во фокус

Audi Q3 е сериски опремен со ММИ радио plus, вклучувајќи и 10,25-инчна дигитална инструментна табла. Користете различни интерфејси и приклучоци за да ги поврзете вашите мобилни уреди со возилото. Врвната верзија на контролниот терминал ММИ навигација plus со ММИ на допир13 дури го препознава вашиот ракопис на својот екран во боја со висока резолуција. Благодарение на интегрираните услуги на Audi connect5, можете да уживате во многу дигитални функции.

Лично наместо обично

Фасцинантни фотографии или познати филмски херои: во вашата myAudi апликација во делот Тематски свет едноставно изберете ја вашата омилена слика и истата нека се прикаже како позадина во ММИ. Убав ефект: пакетот амбиентални светла plus автоматски ја приспособува атмосферата на бои на мотивот.

Напомена: илустрацијата е од Audi A6 Avant12. Позадина во ММИ: © Thomas Hoepker – Magnum Photos

Audi exclusive

Направете го вашиот Audi Q3 инспиративен уникат, исто толку карактеристичен како што сте вие ​​– со Audi exclusive9. Со избрани декоративни елементи, кожа во боја и индивидуален лак од широк спектар на бои. Токму онака, како што сакате.

Audi Q3 Sportback

Потрошувачка на гориво комбинирано1: 5,1-9,4 l/100km (WLTP)

Информации за потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂ во опсези во зависност од употребениот комплет гуми/тркала. Забелешка: надворешниот лак е достапен само како опционален индивидуален лак на Audi exclusive.